Ѓоковиќ ја изгуби париската круна, Надал оди во полуфинале

503

Полноќен спектакл во градот на светлината. Тениски дуел за спортските гурмани кои  ќе донесе нов шампион на Ролан Гарос.
Рафаел Надал по четири часа и 12 минути борба успеа да го елиминира Новак Ѓоковиќ со 3-1 во сетови (6-2, 4-6, 6-2, 7-6). Освен тоа Рафа со оваа победа ја намали и предноста на Ѓоковиќ во меѓусебните дуели 30-29.
Ѓоковиќ имаше слаб настап на почетокот, се врати во вториот сет, но потоа повторно следуваше пад, а во четвртиот сет кој влезе во тај-брејкот не успеа да се извлече. Таму Надал лесно и убедливо славеше. Така минатогодишниот париски шампион ја изгуби круната од Надал кој ќе ја брка 22. Грен слем титула и ќе проба да му побегне на Новак на два трофеја.
Во полуфиналето Надал ќе игра против Александар Зверев.

 

ПретходноВо Лисабон приведен поранешен бразилски напаѓач
СледноЃоковиќ по поразот од Надал паѓа на третото место на АТП листата