Кевин Де Брујне го положи испитот и доби УЕФА А тренерска лиценца од Белгиската фудбалска федерација.
Му требаа две години за да стигне до оваа лиценца, а во последната година работеше со јуниорите на Манчестер Сити како дел од патот до добивање на лиценцата.
Тренерската А лиценца е втора најсилна во хиерархијата на УЕФА, само Професионалната лиценца е посилна. Со диплома од ниво А, тренерот може да води младински тимови до 18 години, и тимови од втор ешалон.
Освен фудбалерот на Манчестер сити, со право да вршат тренерска работа се стекнале и уште неколку белгиски фудбалери: Јури Тилеманс, Дрис Мертенс, Јан Вертонген и Аксел Витсел.
Kevin De Bruyne received his UEFA A coaching license after two years of training with the Belgian FA 🧠 pic.twitter.com/tZwpTJprsU
— B/R Football (@brfootball) May 31, 2022