Манчини: Аргентина е силна, но силни сме и ние, вечерва заокружуваме еден циклус

285

Селекторот на Италија, Роберто Манчини ги сподели своите очекувања за натпреварот Финалисима 2022 против репрезентацијата на Аргентина. Тоа е дуел меѓу европскиот и јужноамериканскиот шампион, а ќе се одигра на стадионот Вембли во Лондон со почеток во 20:45 часот.
Овој натпревар ќе биде крај на еден циклус. Потоа тргнуваме со млади фудбалери. Ќе работиме да ги промовираме и да ги спремиме за во иднина. Ние не одлучуваме за тоа дали клубовите треба или не се почесто да се потпираат на младите фудбалери, но ќе се потрудиме со нашето знаење и работа да ги подобриме“, додаде Манчини.

Аргентина е силна, но силни сме и ние. Дали овој натпревар може да го разубави отсуството на италијанската селекција на претстојниот Мундијал? Не многу, но ќе уживаме во играта. Италија против Аргентина е една од најголемите средби во историјата на фудбалот. Тоа ќе биде одлична игра. Италија може да приреди одлично шоу. Вембли е импресивен стадион. Тоа е особено значајно бидејќи пред една година овде славевме победа на ЕП. “, изјави Манчини.

Селекторот посочи дека ќе ги нема Киеза, Имобиле, Берарди и Верати, но посочи дека од почеток ќе игра Белоти. Манчини повика и некои фудбалери кои никогаш не играле за Италија: Федерико Димарко (Интер), Луис Фелипе (Лацио), Федерико Гати (Фросиноне) и Џорџо Скалвини (Аталанта), Томасо Побега и Самуеле Ричи (двајцата од Торино), Давиде Фратеси (Сасуоло), Салваторе Еспосито (СПАЛ)…

 

ПретходноНадал: Драгоцена победа, ова е теренот кој ми значи се…
СледноГонзо: Фудбалот да нè зближи, сакаме победа!