Милев без дилеми: Албанија ќе ја победиме дома и во Тирана

105

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва (20 часот) ќе ги одмери силите со Албанија на домашен терен во рамките на 3. коло во Европската сребрена лига.

Традицијата е на страна на нашите момци кои го знаат рецептот против Албанија, битка за секој поен и концентрација за да се ограничи најсилното оружје на противникот. Коректорот Ќафарена и примачот Бакири се најголема закана за „црвено-жолтите“.

„На овој натпревар влегуваме мотивирани, со очекувања за победа и денеска и на гостувањето во Тирана. Според мене, тоа ќе бидат двата клучни натпревара за пласманот на завршниот турнир.

Отворивме добро на првиот натпревар со Босна, како што посакувавме и како што очекував јас. Против Романија, исто така, одигравме релативно добар натпревар, не можеме да бидеме незадоволни иако резултатот не беше вонаша полза. Но одигравме добро и ја кренавме самодовербата“, изјави Владо Милев.

Албанија претрпе два пораза, но ниту еден не беше на нула. Фактот што денеска ќе има проблеми на позицијата техничар нам ни оди во прилог, но не е на одмет да се потсети дека ривалот доби една од двете контроли во Маврово пред половина месец. Претходно,во официјалните средби ние не кикснавме со нив. Имаме 4-0 биланс во Европската лига, а славевме и на еден меч во квалификациите. Во Скопје сет-количникот е 9-0 за Македонија.

ПретходноБарди: На последниот меч кога бев капитен дадов три гола!
СледноДа покажеме кој е кој…Македонија се “загреваше“ на Арената во Разград! (ВИДЕО+ФОТО)