Погба и официјално се раздели со Јунајтед!

185

Пол Погба, еден од најдобрите фудбалери во светот не е веќе дел од Манчестер Јунајтед. Французинот кој долго години беше член на гигантот од “Олд Трафорд“ од денеска и официјално е екс фудбалер на овој клуб. Она што се најавуваше и се оствари. Репрезентативецот на Франција посака кариерата, откако му заврши договорот со Јунајтед, да ја продолжи во друг клуб, и тоа и ќе го оствари.

Разделбата ја потврди и самиот клуб кој на социјалните мрежи со пригодни зборови му се заблагодари на Пол Погба.

ПретходноШилегов и Гошевски се нови членови на Голден Арт!
СледноСупер засилување за шампионот: Али Адем се враќа на Чаир!