Играчот од средниот ред на Левски, Филип Крастев, ќе го замени Кристијан Малинов во стартниот состав на Бугарија против нашата репрезентација на утрешниот прв меч од групата 4 од Ц-сегментот во Лигата на нации.
Малинов, кој настапува за белгиски Левен, се пожалил на болки, а селекторот Јасен Петров одлучил да го замени со Крастев во стартниот тим.
Поради повреди Бугарија утре е и без Едисон Јорданов, Радослав Кирилов и Георги Јомов.
Најавата од бугарските медиуми вели дека Бугарија утре ќе почне со Николај Михаилов на голот, во одбраната ќе бидат Антон Недјалков, Иван Турицов и браќата Андреа и Петко Христови.
Во средниот ред освен Крастев ќе играат и Ивајло Чочев и Тодор Неделев. Георги Миланов и Кирил Десподов ќе бидат на крилните позиции, а централно во нападот се очекува да стартува Атанас Илиев.