Силекс се засили и со Георгие Јанкулов!

1360

Повратникот во ПМФЛ, екипата на Силекс не престанува да се засилува за она што ги чека кратовци во новата сезона. Па така ново име во тимот на стратегот Горазд Михаилов е и Георгие Јанкулов, досегашниот фудбалер на Борец, инаку младински репрезентативец на Македонија.

Станува збор за млад десен бек кој има само 20 години, а пред извесно време беше член на младинската школа на Ц. Звезда, односно У-17 тимот на балканскиот гигант.

ПретходноДа покажеме кој е кој…Македонија се “загреваше“ на Арената во Разград! (ВИДЕО+ФОТО)
СледноПроблеми за Петров: Бугарите без Јомов и Галабов!