Срна: Ако треба ќе бидам тренер на Шахтјор, a би го возел и клупскиот автобус

286

Некогашниот хрватски репрезентативец Даријо Срна сега е директор во Шахтјор од Доњецк. Тој е споменуван како можен наследник на тренерот Роберто де Зерби, доколку Италијанецот одлучи да си замина поради ситуацијата во Украина.
Се е отворено, но засега Роберто е тренер на Шахтјор. Ќе седнеме и ќе разговараме. Ќе ја почитуваме неговата одлука каква и да е, затоа што тој многу направи за клубот. Засега нема да бидам тренер на Шахтјор, но сите знаат дека сум нивни човек. Го сакам овој клуб, па ако треба ќе бидам возач на нивниот автобус. Ако треба да бидам и тренер ќе го работам и тоа. Спремен сум да направам се за Шахтјор.
Сите одлучи ги носи претседателот. Во моментот има подобри тренери од Срна. Има толку добри стратези во Украина и странство кои би можеле да го водат Шахтјор. За враќање на странците ќе зависи од ситуацијата во Украина.Се надеваме дека се ќе биде во ред и ќе имаме услови за подготовки и настапи. Пред нас се два и пол месеци пред новата сезона“, изави Срна.
Шахтјор и другите украински клубови ќе играат во европските купови идната сезона, како што стојат работите тоа ќе биде во некоја од соседните држави. Шахтјор беше прогласен за шампион по прекинот на сезоната поради војната и ќе игра во ЛШ.

ПретходноНасловните во бугарските весници со информации од “Спортмедиа“… Елмас вреди колку сите Бугари заедно! (ФОТО)
СледноКонечно: Бејл се збогува со Реал Мадрид! (ФОТО)