Селекторот на Бугарија, Јасен Петров во пресрет на утрешниот меч од Лигата на нации против Македонија се појави пред новинарите. На стадионот на Лудогорец во Разград селекторот на нашиот источен сосед го кажа својот став во пресрет на средбата и очекувањата на неговата селекција од групата.
„Крај на сезоната е, имаме 4 меча пред нас и посакувам сите да се здрави. Има неколку играчи си ситни повреди но ништо не е сериозно. Знаеме како ќе играме. ..“
На прашањето дека односите помеѓу двете земји се тензични, селекторот на Бугарија од прва распали: „Фудбалот е најдобрата игра на светот. Тоа е спорт и тој радува многу луѓе. Ние на фудбалот гледаме како на игра, на љубов а не омраза. Јас не сум политичар а ниту ќе сакам да се користи политика за утрешниот меч. Тиа фаворити! Да, респектирам тоа, мотив повеќе за нас утре. Се надевам на фер плеј, на играта – фудбалот да победи“, напомена Петров. „За нас утрешниот меч е најважен. Респект за Македонија! Ни треба поддршка од трибините и од навивачите од Разград. Составот е познат, немам дилеми…“.