Грузија немаше милост кон Гибралтар (ВИДЕО)

159

За разлика од нашата репрезентација која извади реми во Бугарија, Грузијците тргнаа фуриозно во нашата група. На домашен терен во Тбилиси ја прегазија селекцијата на Гибралтар со 4:0 и го запоседнаа врвот на табелата.

Мечот се чини беше решен уште по половина час игра кога домашните со головите на Кваратсхелиа и Кашиа водеа со 2:0. Резултатот остана непроменет се до финишот, кога за две минути, Грузијците постигнаа уште два гола. Микаутадзе во 87. и Ќазаишвили во 88. минута ги поставија конечните 4:0.

Гибралтар веќе в недела ја пречекува нашата репрезентација, додек Грузија ќе и гостува на Бугарија.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноБугарски „Спасовден“ – позитивно реми за Македонија! (ВИДЕО)
СледноКласа сме за оваа Бугарија, сега ни требаат победи !