Убаво е кога една Бугарија, некогаш трета светска фудбалска сила на домашен терен да се радува на бод во дуел со Македонија. Падови, добри моменти и финални 1:1. Добар бод во Разград за оваа наша Македонија киоја е некомплетна, малку подмладена но се уште опасна и конкурентна за лидерско место во оваа нова фаза од Лигата на нации.
Реално оваа Бугарија е далеку зад нас. Ние сме класа за нив и тоа е факт ако се анализираат сите фудбалски сегменти Бугарите немаат и може да сонуваат за играчи како Елиф Елмас, Енис Барди, па и Аријан Адеми и Стефан Ристовски кои не се дел од оваа јунска сесија. Се обидуваат, се надеваат дека барем ќе успеат да пркнат но далеку се…
Играчки бевме поблиску до победата/. Имавме лош старт, таа кобна 13 минута и единствената перфекта акција на домаќините. Брзи имавме 0:1, тешко се адаптиравме на тоа темпо да се брка резултат. Таа игра со кратки пасови, како на мал фудбал не донсе резултат…
Сепак со двете замени на полувремето Милевски тргна на гол, на реми.. Брзо се вративме во игра преку Милан Ристовски, па следеше наша канонада и 2/3 одлини прилики преку Елмас, Алисоки и Миоски. Спаител на Бугарија е голманот Михајлов кој на чуден начин го одбрани ударот на Алиоски.
И пак ќе повториме… Убаво е кога една Бугарија се радува на бод на свој терен со Македонија. Ние овие во септември ќе ги прегазиме во Скопје. Освен тој гол во таа кобна 13-та минута Бугарија и не ни направи ништо освен таа последна минута кога добија пемнал па ВАР покажа дека немало игра од Муслиу за најстрога казна.
Бугарија е успепшна мисија за селекцијата на Боби Милевски. Бод од Разград е добар но сега следат дуелите во кои ни требаат 9 бода. Утре летаме за Гибралтар тоа е наша следна станица и поресметката во недела. Треба да се чуваат сили за она што не чека на 9 јуни и скопскиот меч со Грузија која реално е наш најголем ривал за тоа прво место во групата.
Добар старт, има надеж но има и грешки, слабости кои и се очекувани.
Одиме чекор по чекор..
Фудбалот ја победи поолитиката. Средбата во Разград е доказ дека народот сака да ужива во позитивни работи, а не со политички игри. Некој сакаже да направи пожар, но тоа не успеа. Затоа фудбалот е убава игра, игра која обединува…