Францускиот фудбалер после шест сезони го напушта „Олд Трафорд“, а според последните информации кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.
Полг Погба во претходните години не го покажа најдоброто во дресот на Јунајтед, се вклопи на останатиот дел од екипата, па може да се каже дека не ја оправда платата од 15 милиони фунти на годишно ниво, односно бројката од 105 милиони евра, колку што беше платено за трансферот.
Французинот и покрај лошото издание си заминува со полни џебови, на крајот на месецот ќе добие дополнителна исплата.
Покрај последната плата, Погба ќе земе и 3,78 милиони фунти на име лојалност, го испочитува договорот до крајот, клаузулата ќе му донесе речиси четири милиони фунти на сметката.
Легендарниот менаџер, Мино Раиола кој неодамна почина се покажа како вистински волшебник на договорите, на своите клиенти им донесе голема сума на пари на име на разни бонуси, последен пример за тоа е Погба.
Во дресот на Јунајтед, францускиот фудбалер одигра 226 натпревари, а постигна 39 гола. Секој гол, секоја минута е скапо платена, според „Дејли Меил“, тој заработил 219 милиони фунти во претходните шест години.