Откако извадија реми на денешниот дуел со Македонија, селекторот на репрезентацијата на Бугарија, Јасен Петров, даде свое видување за случувањата на теренот во Разград.
„Наша желба беше да победиме. Игравме со многу добар тим. Не можевме да ги задржиме на почетокот на вториот дел. Знам дека можеме повеќе. Многу брзавме, но тоа го припишувам на нивната голема желба да победат. Од наша грешка примивме гол, смешен гол. Правевме елементарни грешки една по друга. Мора да одиме напред. Имаме играчи кои не играат и не се во најдобра состојба. Се надевам дека не брзаме со Грузија во недела. Имавме прекрасна атмосфера, позитивна“, изјави Петров.