ПОЛУВРЕМЕ: Барди пропушти супер шанса, Бугарите водат на полувреме со 1-0

414

Македонската фудбалска репрезентација губи на полувремето од Бугарија со 1:0 во мечот од 1.коло на Лигата на нациите кој се игра на стадионот во Разград. Во 13. минута по еден контра напад Неделев му асистираше на Десподов кој се најде сам пред Димитриевски и го лобуваше за предност на Бугарија.
Во 21. минута супер шанса за Енис Барди да изедначи. Капитенот шутираше силно но домашниот голман среќно со глава го спаси својот гол.

Иако македонскиот национален тим е подобар на теренот, но засега резултатот е на страната на Бугарите. Ќе треба да се нападне подобро во вториот дел.

ПретходноИнтересно: Аргентина за време на Мундијалот нема да биде сместена во Катар!
СледноОд негатива до триумф против Ерменија