Парма денеска и официјално го назначи Фабио Пекија за нов тренер на тимот.
48-годишниот стратег ќе биде нов предводник а тимот во чии редови настапуваше и нашиот Горан Пандев, кој се уште официјално нема одлучено дали ќе остане уште една сезона на фудбалските терени или сепак, заминува во пензија.
Пекија има тренерско искуство како стратег на бројни италијански клубови, од Фоџа, Губио, Латина, Верона, до Кремонезе со кој избори промоција во Серија А и сосема неочекувано си замина од клубот.
Тој исто така работел како помошник главен тренер во Наполи, Реал Мадрид и Њукасл Јунајтед.
Fabio Pecchia è il nuovo allenatore dei Crociati, benvenuto Mister! 🔥💛💙#ForzaParma
— 𝐏𝐚𝐫𝐦𝐚 𝐂𝐚𝐥𝐜𝐢𝐨 𝟏𝟗𝟏𝟑 (@1913parmacalcio) June 2, 2022