Алекс знае како се “тресе“ Бугарија! (ВИДЕО)

361

Вечерва од 18 часот во Разград за првпат нашата репрезентација ќе одигра квалификациски меч со Бугарија и тоа во Лига на Нации. Искрено досега не можеме да се пофалиме со којзнае какви успеси против нашиот источен сосед. Имаме седум мечеви и сите пријателски, а во нив имаме само две победи, четири порази и едно реми.

Сепак тоа беа некои други времиња, сега Македонија е фудбалски бренд во Европа и во светот. Сега е време за враќање на сите оние порази.

Последен пат сме победиле пред 9 години години со 2:0, еден од стрелците беше Александар Трајковски, значи Алекс знае како се “тресе“ Бугарија, нека биде така и вечерва.

СИТЕ МЕЧЕВИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА

12.04.95: Македонија – Бугарија 0:0

28.05.96: Бугарија – Македонија 3:0

25.03.98: Македонија – Бугарија 1:0

15.08.01: Бугарија – Македонија 1:0

01.03.06: Македонија – Бугарија 0:1

14.08:13: Македонија – Бугарија 2:0

29.03.16: Македонија – Бугарија 0:2

ВКУПНО: 7 2 1 4 3:7

ПретходноОфицијално: Ридигер е нов член на Реал Мадрид! (ВИДЕО)
СледноЕкс – тренер на Алиоски во Лидс е пред портите на Шкендија! (ФОТО)