Бабиќ од Битола во Подравка

144

Она што беше најавено уште пред извесно време денеска и се оствари. Доскорешниот кормилар на тимот на РК Е.Пелистер, Жељко Бабиќ ќе седне на тренерското столче на тимот на Подравка.

Искусниот стратег кој изминатите две и пол години беше на чело на клубот од Битола, за прв пат во својата кариера ќе води женски клуб. Бабиќ имаше огромна улога во успехот на тимот на Е.Пелистер во изминатиот период, кога клубот стана главен конкурент во домашниот шампионат на Вардар.

 

ПретходноЌе биде вистинска „бомба“: Вида се враќа во ХНЛ!
СледноОва е составот на Македонија со кој ќе атакува на триумф против Бугарите!