Големиот шеф подготвува големи работи

540

Екипата на Монца за прв пат во својата историја избори пласман во Серија А. На чело на овој тим е Силвио Берлускони. Поранешниот сопственик на Милан и голема политичка фигура во Италија има големи планови со Монца, кои ги откри во интервју за „Sky Sports Italia“.

„Можеме од Монца да направиме одличен тим. Сакаме клубот да биде постојан учесник во Серија А“, рече Берлускони, а потоа откри кој играч веќе го повикал во клубот.

“Го замолив Марио Балотели да се врати и повторно да игра тука. Долго време сме пријатели. Претходно на шега го замолив да се врати и тој ми рече “утре”. Ќе видиме дали ќе се вклопи во тимот”, изјави Берлускони. 

Се очекува Монца да работи напорно на засилување на тимот. Се споменува дури и доаѓањето на Андреа Белоти кому му истекува договорот со Торино, но и многу други искусни фудбалери.

Останува да видиме со какви сили Монца ќе влезе во првата сезона од Серија А Големиот газда има големи планови и доволно сила и волја да ги исполни.

Да потсетиме, покрај Монца во Серија А, пласман остварија и Лече и Кремонезе, а од понизок ранг отпаднаа Каљари, Џенова и Венеција.

ПретходноДе Брујн доби тренерска А лиценца на УЕФА
СледноЛегендарниот Пеле испрати порака до Путин