Даниел Андоновски од Прилеп се сели во Охрид!

124

Даниел Андоновски одново ќе го носи дресот на ГРК Охрид. Повратникот во редовите на овој тим потпиша двегодишен договор. Левиот бек и специјалистот за одбрана претходните сезони беше дел од тимот на Прилеп.

Андоновски играше и за младинскиот тим на Охрид кога клубот го имаше најдобриот успех на фајнл-фор турнирот во 2019 година освојувајќи го второт место во оваа конкуренција.

ГРК Охрид откако распушти 11 ракометари, почна да го гради составот за следната сезона. На клупата се врати Горан Андоновски, ново име е Тоше Ончев, а верноста кон клубот ја продолжија Иван Андоновски и Иван Тасески.
Претходно„Многу повеќе од фудбал“: Тие нас ВЕТО, а ние на ЕП и бараж за СП!
Следно„Фалангата“ е во фан-зоната во Разград (ФОТО)