Елиф Елмас денеска учествуваше во акцијата за израмнувачкиот гол на Македонија. За жал, имаше уште неколку мешаници во домашниот шеснаесетник, кои не успеавме да ги претвориме во гол. По мечот, и тој со свое видување за дуелот со Бугарија.
„Искрено, имавме тешки услови, по само неколку дена одмор. Сите играчи бевме малку и неподготвени, некако не бевме во ритам. Бевме подобри од Бугарија, но среќата не беше на наша страна. Знаеме и самите дека мора да дадеме многу повеќе за победа. Се надевам дека на другите натпревари ќе влеземе во ритам и ќе оствариме победа. Жалам за оние 15 минути во кои бевме фуриозни. Ме изненади и Бугарија. Очекував дека ќе бидат подобар тим, но тоа е фудбалот“, заклучи нашиот играч за врска.