Капитенот на Бугарите реален: Македонија има тројца-четворица играчи од светска класа

1949

Капитенот на бугарската репрезентација, голманот Михаилов, по мечот призна дека очекувањата на фудбалската публика се едно, а квалитетите сосема друго.

„Очекувањата на фудбалските луѓе беа задолжителна победа, но навистина да ја погледнеме ситуацијата. Имавме позитивни работи, водство, но за жал, не успеавме да ја зачуваме мрежата. Сигурно во многу моменти им дадовме иницијатива, ни падна интензитетот, но не сакам да правам анализа на нивниот состав – тие имаат тројца-четворица играчи од светска класа, ние ги немаме. Сите ситуации кои ги создадоа дојдоа од тие играчи кои играат во Примера дивизион, Серија А“, изјавил Николај Михаилов.

ПретходноРистовски: Имавме шанси за победа!
СледноСтручен коментар – Мирсад Јонуз: Се виде дека сме подобри од Бугарите…