Легендарниот Пеле испрати порака до Путин

297

Украина славеше на гости кај Шкотска со 3-1 и се најде на чекор до Мундијалот во Катар, а на патот стои селекцијата на Влес. По овој меч во јавноста се огласи легендарниот фудбалер, Пеле.

„Сакам да ја искористам денешната игра за да испратам апел: Сопрете ја инвазијата, не постои причина за насилство“, пиша Пеле на својот „Инстаграм“ профил.

„Оваа војна е неправедна и не носи ништо, освен болка, страв и вознемиреност“, порача легендарниот фудбалер.

Пел и Путин последен пат се сретнаа во Москва во 2017 година за време на Купот на конфедерации.

„Кога се сретнавме во минатото разменивме насмевки со долго ракување, не претпоставував дека еден ден ќе бидеме поделени како денеска“.

За потсетување инвазијата во Украина трае од 24. февруари, иако не почетокот сите мислеа дека ќе трае само неколку дена, сепак војната продолжи.

ПретходноГолемиот шеф подготвува големи работи
СледноМино Раиола беше вистински волшебник на договорите, доказ за тоа е Погба!