ЛН: Португалците извадија реми со Шпанија, Халанд ја „реши“ Србија во Белград (ВИДЕО)

279

Најинтересниот меч од првата рунда на натпреварите во Лигата на нации меѓу Шпанија и Португалија заврши нерешено 1:1. На Естадио „Бенито Виљамарин“ во Севиља, Шпанија долго време водеше благодарение на голот на Мората во 25. минута, но Португалија се избори за реми со погодокот на Хорта на осум минути пред крајот на пресметката.

Селекторот на португалската репрезентација Фернандо Сантош избра да започне со Кристијано Роналдо на клупата, па ѕвездата на Португалците доби шанса во последните 20 минути од мечот.

Во вториот меч од сегментот „А“, Чешка славеше со 2:1 над селекцијата на Швајцарија.

Во сегментот „Б“, во Белград разочарување за домашните фанови. Србија загуби од Норвешка со 1:0, со единстевниот гол кој за Норвежаните го постигна првата напаѓачка ѕвезда, Ерлинг Халанд.

Шведска со 2:0 триумфално замина од Словенија, додека Израел на домашен терен одигра само 2:2 со Исланд.

Во лига „Ц“ делот, Грците се изборија за врена победа на гостувањето кај С. Ирска. Јужниот сосед со голот наБакесетас уште во првото полувреме обезбеди резултат за победа.

ПретходноШвентек vs. Гауф во женското финале на Ролан Гарос
СледноАко Пандев остане во Парма ќе има нов тренер – Фабио Пекија