Македонија У18 на турнир против Словенија и Полска

112

Македонската репрезентација до 18. години на чело со селекторот Неџат Шабани, 1 до 9 јуни ќе учествува на силниот меѓународен пријателски турнир во Терме Чатеж, Словенија. На него покрај нашиот национален тим и домаќинот Словенија ќе учевствува уште и репрезентацијата на Полска.

Првиот дуел го играме на 4. јуни против Полска, на стадионот Кршко со почеток од 18. часот. Против домаќинот пак, репрезнтацијата на Словенија, силите ќе ги одмериме на 9. јуни. Натпреварот ќе се одигра во 11. часот во Терме Чатеж.

„Се соочуваме со огромни проблеми околу играчкиот кадар. Во националниот тим отсуствуваат играчите Гуџуфи, Мурати, Ричков, Трајков, Ѓорѓиевски, Стоилов, Чајани, Ташов, Елези е прекомандуван во селекцијата до 21 година. Патуваме во Словенија доста ослабени, но се надевам дека ќе се покажеме во добро светло и ќе одиграме добри мечеви, нема откажување. Се надевам дека повиканите играчи што треба да ги заменат отсутните фудбалери ќе се покажат во добро светло и ќе ја искориста можноста што им е пружена“ – вели селекторот Шабани.

Голмани: Васко Василев (Црвена Звезда, Србија), Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П.);

Одбрана: Давид Љусев (Работнички), Ристе Лембовски (Македонија Ѓ.П.), Енис Буќи (Македонија Ѓ.П.), Никола Павлески (Македонија Ѓ.П.), Стефан Младеновски (Франкфурт, Германија), Стефан Стојановски (Вардар),  Никола Најдовски (Шкупи), Бројан Поповски (Работнички);

Среден ред: Матеј Ангелов (Работнички), Донарт Ибраими (Работнички), Матео Софијаноски (Њу Старс), Дејвид Митревски (Македонија Ѓ.П.), Игор Јаневски (Силекс), Ардијан Чилафи (Сампдорија, Италија), Муаз Салихи (Шкупи);

Напад: Марко Софијановски (Њу Старс), Зани Назифи (Шкендија), Михаил Талевски (Пелистер), Артан Мемедов (Санднес, Норвешка);

ПретходноЕкс – тренер на Алиоски во Лидс е пред портите на Шкендија! (ФОТО)
СледноНека ечи во Разград – „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Санданскии…“