Нека ечи во Разград – „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Санданскии…“

378

Вечерва или доцна попладне од 18 часот, нашите херои, нашите најдобри фудбалери и гостуваат на Бугарија. Во меч од Лигата на Нации. Колку и да сакаме овој меч да го претставиме како обичен фудбалски, да не вршиме притисок врз нашите момци, сепак сите ние сме свесни дека овој ден го чекавме и тоа како го чекавме.

Познато е и зошто. Па само погледнете ги медиумите во Бугарија и јасно ќе ви биде, а фактите, вистината, историјата, се на наша страна.

И на крај, и квалитетот е наша страна. Македонија во последно време стана фудбалска сила, а Бугарија ја нема никаде на мапата.

И затоа вечерва нека ечи Македонската химна среде Разград, нека ечат зборовите…“Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански….“. Нека знаат Бугарите дека тие вечерва ќе си имаат работа со ГОЦЕВАТА РАСА. Таа што тие не ја признаваат, таа што од дното на нивната душа ја мразат и не ја поднесуваат.

 

No description available.

Имаме ние мотиви, и тоа какви, знаеме што ни се случуваше и случува, секако не на фудбалски план, а затоа се знае кој е виновникот.

Македонија во Разград има мотиви до небо, има квалитет да победи. Овие момци на Милевски во изминатиот период покажаа екстра класа и јавноста бара од нив само едно – а тоа е да се потврди таа нивна класа.

И ако биде така тогаш јасно е дека кој ќе се радува на крајот.

Па затоа…

НАПРЕД МОМЦИ…

СО СРЦЕ, ЗА МАКЕДОНИЈА…

ГОЦЕВАТА РАСА ПРОТИВ БУГАРИЈА…

ПретходноМакедонија У18 на турнир против Словенија и Полска
СледноМакедонија доби лесна група за кадетското СП кое ќе се одржи во Скопје!