Не им оди на Бугарите на “Хувефарма Арената“…

396

Повеќе од јасно е зошто Фудбалскиот сојуз на Бугарија одлучи мечот со Македонија да го одигра во Разград, а не во Софија, каде се знае дека ќе имаше голем број наши фанови. Сепак сега не вреди да се полемизира посебно не ако се знае дека мечт набргу ќе почне.

Од друга страна ако се погледне малку низ историјата, ќе се види дека досега на Бугарите не им оди на “Хувефарма Арената“ во тој град, Арена која е сопственост на Лудогорец. Имено досега таму биле домаќини само на еден меч, и тоа онов против БиХ на 23 март 2018 година и на него се поразени со 0:1.

Значи овој меч со Македонија ќе биде втор во Разград за селекцијата на Бугарија. Па нека биде како што беше против БиХ, секако дека нема да имаме ништо против.

ПретходноМуамед Сејдини: Да ја поддржиме сите заедно фудбалската репрезентација на Македонија!
СледноВО ЖИВО: БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА 1:1