Ова е составот на Македонија со кој ќе атакува на триумф против Бугарите!

2409

Нема дилеми, нашиот селектор вечерва во Разград на дуелот со Бугарија во рамките на Лигата на Нации нема премногу да експериментира. Формацијата е таа, 4-2-3-1 или можеби 4-3-3.

Познато е дека поради повреди ќе нема неколку клучни играчи, но затоа тука се Елмас, Барди, Џани, Трајковски, Велковски…

Па така на голот ќе биде неприкосновениот Димитриевски, во дефанзивата Ашковски, Велковски, Муслиу и Алиоски, потоа како последни играчи за врска се Спировски и Барди, додека пред нив ќе „оперира“ Елмас, во нападот по страничните позиции ќе бидат Трајковски и Чурлинов, а најистурен во нападот ќе биде Милан Ристовски.

No description available.

ПретходноБабиќ од Битола во Подравка
СледноШокантно: Рафа после Ролан Гарос става крај на кариерата!