Стефан Ристовски: Венци…. не викај

1196

Контроверзниот сопственик на тимот на Славија Софија, Венци Стефанов, пред вечерашниот дуел помеѓу Бугарија и Македонија во Разград даде доста контраверзна и во голема мера потценувачка изјава на сметка на нашата репрезентација. Таа одекна како гром од ведро небо во јавноста во Бугарија, која е секогаш „гладна“ за таков тип на текстови кои ќе предизвикаат многу полемика.

„Која е бре таа Северна Македонија? Вчера стана држава. Ако се плашиме од Македонија, Гибралтар, Грузија воопшто да не играме фудбал“ – изјави Стефанов.

Овојпат, таа предизвика реакција кај нашиот капитен Стефан Ристовски кој овојпат не може да помогне поради повреда, туку во свој стил шмекерски му порача „Не викај“…. и постираше слика за која можете слободно да си најдете сопствен наслов…

 

Претходно„Фалангата“ е во фан-зоната во Разград (ФОТО)
СледноДарко Тасевски: За мир во куќа реми, сакам победа на Македонија!