„Фалангата“ е во фан-зоната во Разград (ФОТО)

438

Македонската фудбалска репрезентација денеска го игра првиот меч во Лига Ц на Лигата на нации, за противник ја има селекцијата на Бугарија. Овој дуел се игра во Разград, а нашите фудбалери како и секогаш ќе имаат поддршка од трибините. Најавени се околу 500. Македонци за оваа пресметка.

Дел од нив веќе се во бугарскиот град, веднаш тргнаа накај официјалната фан-зона, која ја одреди бугарското МНР. Истата се наоѓа на четири километри од Разград.

„Фалангата“ веќе ги постави македонските знамиња, се е во знакот на „црвено-жолтата“ боја, тие веќе го дадоа потребниот импулс, очекуваат победнички почеток во Разград, за нова фудбалска бајка.

ПретходноДаниел Андоновски од Прилеп се сели во Охрид!
СледноСтефан Ристовски: Венци…. не викај