Домагој Вида најверојатно ќе си замине од Бешикташ со оглед на тоа што овој клуб сака да му ги намали примањата. Се шпекулира дека може да остане во Турција, со оглед на интересите на некои клубови, но постои и можност дека имал контакт со Осијек, но и со Хајдук.
И двете понуди се помали од сумите што му се понудени во Турција.
Вида е во Бешикташ од 2018 година, а ги освои првенството, Купот и Суперкупот.
Покрај Бешикташ, Вида играше и за Динамо Киев и Загреб, Баер Леверкузен и Осијек.