Ќе има 500 наши навивачи, Разград доаѓаме!

464

Фудбалерите нема да бидат сами, навивачите се на пат кон Разград, барем оние со автобусите кои вчера околу полноќ од пред ФФМ организирано тргнаа кон Бугарија. Околу стотина фанови со двата автобуси денеска попладне ќе стигнат во Разград, каде во сопствена режија ќе пристигнат уште неколку стотина наши навивачи на стадионот на „Лудогорец“ да ја бодрат нашата репрезентација на дуелот со Бугарија.

И пат од околу 600 километри не е препрека за нашите фанови кои ќе бидат во солидна бројка.

„До вчера беа побарани и дадени околу 400 билети за наши навивачи. Очекуваме бројка од околу 500 фанови“, е ставот на лицата од ФФМ кои се одредени за организација и безбедност на нашите навивачи за дуелот во Разград.

Вчера од граничниот премин неколку навивачки група објавија свои фотографии со порака:

„Разград доаѓаме, напред Македонија“.

Она што е интересно е тоа дека и припадници на МВР веќе неколку дена се во Разград и тоа токму поради доаѓањето на нашите навивачи. Бугарите избегаа далеку но и таму ќе не има – Напред Македонија!

ПретходноМино Раиола беше вистински волшебник на договорите, доказ за тоа е Погба!
СледноМакедонските фудбалери во нов поход – почнува Лигата на Нации