Како што дознава „Спортмедиа“, Шкендија по се изгледа се одлучи за странско решение за шеф на струката и тоа во името на Хаиме Монро, стратег од Португалија кој до пред две години му беше тренер на Џани Алиоски во Лидс, односно му беше асистент на Марсело Биелса. Исто така бил стратег и во Ксанти каде што му тренер на Бесарт Ибраими.
Станува збор за 40-годишен стратег кој како асистент, скаут или тренер во помлади кагтегории бил и во Атлетико Мадрид, Сиднеј, Барселона, Алкокорн, Баку, Милан, Порто…барем од она што може да се види на интернет.
Да потсетиме дека Шкендија во изминатите денови контактираше со Васоски, Баждаревиќ, Клафуриќ, Муниши и уште некои стратези, но сепак се чини дека ќе има Португалец на клупата.