Етеми со асистенција избори промоција во турската Суперлига

328

Македонскиот фудбалски репрезентативец Валон Етеми вечерва избори промоција во турската фудбалска елита. Неговиот тим Истанбулспор во баражот за влез во Суперлигата славеше со 2:1 над екипата на Бандирмаспор на теренот во Кочаели.

Етеми одигра 72. минути во стартните 11 за Истанбулспор, пред да биде заменет, а добриот настап на нашиот репрезентативец продуцираше и асистенција за водечкиот погодок на неговиот тим.

Инаку, Етеми утре и се приклучува на нашата репрезентација пред следните 3 средби во Лигата на нации. Тој ќе ја чека нашата експедиција утре наутро на аеродромот во Малага.

ПретходноГол за Лазаров, вредна победа за Нант
СледноШвентек vs. Гауф во женското финале на Ролан Гарос