Селекторот задоволен од исходот на средбата а по натпреварот напомена дека националниот тим ја имал контролата на мечот од самиот почеток на средбата па се до крајот:
„Прв натпревар, натпревар во нов цилус со противник кој беше носител во нашата Ц група. Не е ништо готово. Не, никако не сме фаворити за прво место во групата, ова е само прв натпревар“.
Селекторот го анализираше мечот и додаде:
„Мислам дека од првата минута па до крајот на средбата Македонија го контролираше мечот. Не бев задоволен од некои сегменти во првиит дел. Имаа еден удар на гол и дадоа гол. Во второто полувреме не може а да не бидам задоволен. Перфектно второ полувреме. Доминиравме во сите сегменти, за жал не реализиравме некои одлични шанси. Нема што да им замерам на играчите кои освен Трајковски и Алиоски се вон натпреварувачка форма“.
По целата анализа селекторот констатираше:
„Заслуживме да победиме, заслуживме чиста победа… Сега на ред е Гибралтар и сега мислиме само на тој меч. Без разлика на тоа што направија тие денеска ние одиме таму со максимален респект. Вештачка трева, долг пат… Ништо не е лесно…“.