„Многу повеќе од фудбал“: Тие нас ВЕТО, а ние на ЕП и бараж за СП!

630

„Многу повеќе од фудбал“, таков е насловот за денешниот дуел во весникот „Мач Телеграф“, за дуелот Бугарија – Македонија во рамките на 1. коло од новиот циклус од Лигата на нации.

Денеска Македонија гостува во прв официјален меч за бодови кај нашиот источен сосед. Сосед кој направи политички бариери, сосед кој го пречи патот на Македонија кон ЕУ и сосед кој по сето она што го прави кон нас во изминативе години е далеку од пријателски сосед.

 

Но што значи ова „Многу повеќе од фудбал“?. На пријателите од Бугарија би им порачале дека тоа многу повеќе од фудбал е еден вид на пофалба кон нас затоа што додека тие удираа вето кон нашиот пат во ЕУ, ние игравме на ЕП, имавме и бараж за настап на СП додека нивниот национален тим бележеше катастрофи, порази и дебакли.

„На дното има дупка и таму сме ние“, ми текнува на еден наслов од пред некое време кога Бугарија дома загуби од Косово. А политика, политика и само политика. Такви беа и нашите колеги вчера на прес конференциите на двата тима кога се обидуваа да стигнат со „крв“, а налетаа на „љубов“ од страна на двата селектори.

Ќе зборуваме за нас. Колку му е до политика на Елиф Елмас, на Дарко Велковски, Енис Барди и останатите. До се им е ама до политика никако. Дечките си играат фудбал, уживаат, победуваат и ја прават Македонија горда држава, а народот знае да се радува на успесите иако државата ни стои во место токму поради „пријателските“ потези на соседните држави.

Ние можеби и не сме во ЕУ, немаме датум, но имаме национален тим кој сите не прави горди. Ако во нешто сме обединети тоа е фудбалот и тоа е пример за Европа како луѓето од различни религии и националности можат да бидат обединети. Таа слика ќе ја видите за неколку часа во Разград, тоа единство и хемија е нашата сила која до сега ни даваше и резултати.

Вие ете пак не го тргнавте ветото, но вечерва кај вас ќе видите европска репрезентација, репрезентација која за разлика од вашата во изминатите две години играше на ЕП, играше бараж за СП и има победи на гости кај Италија и Германија. Вие радувајте се на ВЕТОТО…

ПретходноФилип Николов се врати во Бутел Скопје
СледноДаниел Андоновски од Прилеп се сели во Охрид!