Во пресрет на почетокот на првиот меч од новиот циклус во Лигата на Нации во Разград, против Бугарија, кој ќе започне за околу еден час, со своја објава на ФБ на ФФМ се огласи и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини…
“90 минути радост, 90 минути гордост! Почнуваат натпреварите во Лигата на Нации каде уште еднаш во фокус ќе бидат јунаците кои најдобро и најубаво знаат да ја радуваат Македонија. Да ја поддржиме сите заедно фудбалската репрезентација на Македонија, и да посакаме нов пласман на ново Европско Првенство.
Сега е наше време!
Напред Македонија!