Салах: Би ги менувал сите награди за можност да го преиграм финалето со Реал

176

Голгетерот на Ливерпул Мохамед Салах изјави дека би ги менувал сите индивидуални награди кои ги добил до сега за можност да го преигра финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Пред неколку денови Египќанецот беше избран за Играч на сезоната од фановите кои гласаа преку Асоцијацијата на професионални фудбалери во Англија. Претходно тој беше избран за најдобар од Асоцијацијата на новинари, а ја подели и наградата за најдобар стрелец во Премиер лигата со Сон од Тотенхем, а е најдобар асистент со 13 асистенции. Неговиот гол против Сити беше избран за најдобар во најсилната англиска лига.

Но и покрај тоа што ги освои ФА купот и Лига купот, Ливерпул остана без трофејот во Премиер лигата, а го загуби и финалето од ЛШ.
Да ги освоиш истовремено наградата од фановите и од спортските новинари во една сезона е нешто посебно и никогаш нема да го заборавам тоа. Но би ги менувал сите тие индивидуални награди за можност одново да го одиграм финалето на ЛШ. Но тоа не е можно. Не можам да објаснам колку многу го посакувавме тој трофеј, но на крај не успеавме да го освоиме. Им благодарам на фановите за поддршката, сезоната беше многу долг, а едвај чекам да почне идната“, напиша Салах на својот профил на Твитер.

ПретходноРистовски ја матира бугарската одбрана – Македонија изедначи (видео)
СледноБугарски „Спасовден“ – позитивно реми за Македонија! (ВИДЕО)