Швентек vs. Гауф во женското финале на Ролан Гарос

146

Полската тенисерка Ига Швентек ја продолжи својата трка по втората титула на Ролан Гарос во последните три години, победувајќи ја Русинката Дарија Касаткина со 6-2 , 6-1 во полуфиналето. Со тоа Полјачката ја продолжи победничка серија од неверојатни 34 индивидуални победи.

Првата тенисерка доминираше со Касаткина, оставајќи ја Русинката со само три освоени гема.Шампионката на Ролан Гарос од 2020 година, нема пораз од февруари и се изедначи со  Серена Вилијамс , која постигна 34 победи во 2013 година.

Во финалето, Швентек ќе игра со Коко Гауф од САД, која во два сета во второто полуфинале ја совлада Италијанката Тревисан.

ПретходноЕтеми со асистенција избори промоција во турската Суперлига
СледноЛН: Португалците извадија реми со Шпанија, Халанд ја „реши“ Србија во Белград (ВИДЕО)