Бугарите велат, Барди најдобар

901

Македонската фудбалска репрезентација синоќа во Разград одигра 1:1 против домаќинот Бугарија и на тој начин со реми ја стартуваше најновата кампања во Лигата на Нации.

Можевме да дојдеме и до победа, реално на терен изгледавме далеку подобро, но што е тука е бодов освоен кај незгодниот противник секако дека ќе  ни даде дополнителен мотив да одиграме подобро на следните мечеви.

Бугарскиот печат утринава подробно го анализира мечот, домашната игра, но и играта на Македонија.

Оцените се позитивни за нас, речиси целокупниот наш тим има индекс плус во однос на оние на домаќинот, а наш најдобро оценет играч е капитенот Енис Барди. Со индекс седум, додека пак останатите најчесто се оценети со 6.5.

 

ПретходноБензема призна, во текот на кариерата се обидел да копира само еден човек
СледноФудбалерите на пат кон Гибралтар – авантура од околу 4.000 километри и осум часа (ФОТО)