Во ПСЖ чекаат да се врати Ал-Келаифи и да му врачи отказ на Покетино

171

Маурицио Покетино нема да го предводи ПСЖ и следната сезона. Голем број француски медиуми и денеска пишуваат дека Аргентинецот ќе добие отказ во наредните недели.

Смената на Покетино ќе биде официјализирана кога Насер Ал-Келаифи ќе се врати од Катар. Претседателот на ПСЖ заминал поради приватни обврски, па во клубот чекаат тој да се врати и лично да му соопшти на Покетино дека соработката е завршена.

Еден од главните претенденти за функцијата тренер на парижани е првиот човек на Ница, Кристоф Галтие.

ПретходноТутомеркато: Милан засилено работи на трансфер на Елмас
СледноРуд испиша историја, ќе игра финале на Ролан Гарос