Клубот за кој играа Самуел Ето и Роберто Карлос престана да постои

415

Рускиот фудбалски клуб Анжи од Махачкала ќе престане да постои. Веста ја објавија руските медиуми.

Клубот кој е формиран во 1991 година и во својата куса историја успеа да стигне и до руската Премиер лига, но и да игра во финалето на рускиот куп во 2001 година, не добил лиценца за следната сезона и поради тоа ќе мора да се расформира.

Анжи во последните три сезони настапуваше во руската Трета лига. Клубот во зенитот на своите фудбалски остварувања во своите редови имаше и мега-ѕвезди од калибарот на Роберто Карлос или Самуел Ето.

ПретходноАБА финале: Партизан ја демолираше Ц. Звезда и закажа „мајсторка“
СледноЕдинствениот клуб со повеќе титули во ЛШ отколку во првенството