Норвешкиот тенисер Каспер Руд испиша историја обезбедувајќи си го првото Грен слем финале во кариерата. Освен што Руд за првпат ќе игра Грен Слем финале, ова ќе биде и прво финале на најсилните турнири за еден Норвежанец.
Норвешкиот тенисер, кој е осми на светската листа, по 175 минути игра го совлада Марин Чилиќ од Хрватска со 3:6, 6:4, 6:2, 6:2. Со тоа го спречи Марин да испише историја, и да одигра финале на сите четири Грен Слем турнири.
Руд во финалето в недела ќе се соочи со Рафаел Надал.