Македонскиот кик-боксер Димитар Ѓоргиев загуби во борбата за европската титула на „ВАКО про“ против Никола Дробњак од Босна и Херцеговина во категоријата до 81,4 килограми. Вечерва во Зворник, БиХ, во рамките на настанот наречен „Бател фор белт“, Ѓорѓиев по пет рунди во дуелот со Дробњак е поразен со судиска одлука.
Видовме исклучително жестока битка и од двајцата борци кои покажаа дека не случајно се борат за трофејот. Дробњак го доби шампионскиот пехар во оваа категорија, а Ѓорѓиев ќе чека нова шанса за атак на титулата.
Претходно во К-1 во категорија до 83 килограми, извонреден настап имаше Бобан Илиоски. Тој експресно го реши Хрватот Борна Манојловиќ и со прекин на борбата дојде до победа.