Кошаркарите на Партизан убедливо ја совладаа Црвена Звезда во четвртиот натпревар од финалната серија на АБА лигата со 112:84 и на тој начин израмнија на 2-2 во серијата. Ова апобеда на „црно-белите“ значи дека ќе се игра „мајсторка“ за да се добие годинешниот освојувач на регионалното натпреварување.
Решавачкиот петти меч е закажан во понеделник, на 6 јуни, во арената на „црвено-белите“.
Херои на Партизан денеска беа Алекса Аврамовиќ со 24 поени и шест асистенции и Матијас Лесор со 19 поени и пет скока. Остин Холинс постигна 19 поени кај Црвена Звезда.