Ветено – сторено: РФМ ја исплати премијата на ракометарите од 50.000 евра

124

Ракометната федерација на Македонија ја исплати премијата од 50.000 евра на нашиот најдобар машки национален тим за пласманот на Светското првенство 2023 година во Полска и Шведска.

„По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати наградата од 50.000 евра на машката сениорска репрезентација за пласманот на IHF World Championship 2023 во Полска и Шведска.

Македонската сениорска репрезентација обезбеди пласман на IHF World Championship 2023 во Полска и Шведска совладувајќи ги репрезентациите на Романија и Чешка во бараж квалификациските натпревари.

Машката сениорска ракометна репрезентација го задржа континуитетот на настапи на големите натпреварувања, обезбедувајќи осмо учество на ракометен Мундијал кој ќе се одржи во Полска и Шведска во јануари 2023 година“, се вели во известувањето на РФМ.

Македонија противниците за СП 2023 година ќе ги дознае на 2. јули, пред истата се најде во вториот шешир. Ова значи дека ракометарите во групната фаза ќе избегнат репрезентации како Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора и Полска.

ПретходноМбапе со четири букви одговори на прозивките за „чистката“ во ПСЖ
СледноЕрменија е минато, следува Украина