Во чест на Марче: Во Скопје ќе се одржи ракометен турнир „Марко Божиновски“

184

Марко Божиновски точно пред една година за жал, прерано, го напушти овој свет. 20 годишниот ракометар тивко си замина. Неговите родители формираа фондација за да го сочуваат ликот и делото на својот син.

Денеска токму на годишнината од неговото заминување, на официјалната страница беше соопштено дека во Скопје ќе се одржи ракометен турнир „Марко Божиновски“ за играчи под 18 години. Веќе се познати и учесниците: Војводина, Нексе, Вардар, Алкалоид, Голден Арт, Бутел Скопје, Т.Пролет и Е.Пелистер ќе бидат дел од овој турнир.

„Точно 1 година откако нашиот Марче тивко си замина. Неговото заминување беше тивко, но вестта за неговото заминување одекна далеку и гласно. Во негова чест и аманет, ние како фондација со огромна љубов и посветеност се стремиме вечно да живее неговиот лик и дело, но и да го всадуваме спортскиот дух кој Марче го носеше во себе. Ракометот беше негов живот, љубов и животна определба.

Затоа, чест и задоволство ни е да ви најавиме: РАКОМЕТЕН ТУРНИР “МАРКО БОЖИНОВСКИ” – СКОПЈЕ.
Се гледаме од 14-17ти јуни во Спортски центар “Марко Божиновски”!“, стои на официјалната страница на фондацијата „Марко Божиновски“. 

ПретходноЈелена Антиќ на 8 јуни ќе ги собере младинките
СледноГостивар не се шегува: Промовиран и Бурхан Мустафа!