Голден Стејт и Бостон со рекорд, Селтикси со неверојатен пресврт до „брејк“ (ВИДЕО)

318

Никој не очекуваше дека Вориорс на стартот на големото финале ќе биде победен со сопственото оружје. Голден Стјет имапе плус 12 пред стартот на последната четвртина, по што следеше неверојатен пресврт на противникот. Селтикси на на крајот славеа со 120-108 на гостински терен.

Во последната четвртина кошаркарите на Бостон постигнаа девет тројки од 12 обиди, а домаќинот го оставија пет минути без постигнат поен, направија серија од 17-0 и овој период го добија со 40-16.

За да подвигот биде уште поголем, Татум оваа вечер беше тивок, имаше 12 поени, но затоа Барун беше главниот лидер во редовите на Бостон, постигна 24 поени, 7 скока и 5 асистенции. Вајт од клупата реализираше 21 поен. Посебно место му припаѓа на Хорфорд, кој е цврсто решен да дојде до голем успех оваа сезона, заврши со 26 поени од кои шест тројки.

Инаку двата тима постигнаа 40 тројки што е рекорд на сите времиња кога станува збор за финалињата. И кари постави рекорд, кој дефинитивно нема да биде доволен за утеха, одигра фантастична прва четвртина, постигна 21 поен и запиша шест тројки, остана сам на вечната листа на најмногу тројки во финалето.

Ова беше прв пораз за Ворирс во доигрувањето на домашен терен последе девет победи.

ПретходноАко Пандев остане во Парма ќе има нов тренер – Фабио Пекија
СледноБензема призна, во текот на кариерата се обидел да копира само еден човек