Нема дилеми веќе, Гостивар во наредната сезона во ВМФЛ ќе биде еден од најсериозните кандидати за пласман за врвот на табелата. Во изминатите денови Гостиварци промовираа неколку квалитетни имиња, а од денеска ново име е и Бурхан Мустафа кој доаѓа од Работнички.
Станува збор за квалитетен голман кој и тоа како ќе го засили тимот од Гостивар.