Дибала откри во која лига би сакал да заигра!

321

На крајот на месецот Пауло Дибала ќе биде слободен играч, после седум години си заминува од Јувентус, откако со раководството на клубот не успеа да најде заеднички јазик.

Се шпекулира дека може да го облече дресот на Интер што би било голем удар за тимот од Торино, неофицијално имал и состанок, но оваа информација доби демнат. Дибала откри дека сака да се проба надвор од „чизмата“.

„Се чувствувам мирно, луѓето со кои соработува се грижат за тоа. Во Италија се чувствувам пријатно, но сепак би сакал да се пробам во друга лига како Премиер или Ла Лига“.

По оваа изјава англиските медиуми пишаа дека Јунајтед, Арсенал и Тотенхем се заинтересирани за него. Останува да видиме каква одлука ќе донесе Аргентинецот.

ПретходноНе е веќе В.Д.: Грнчаров назначен за тренер на Вардар!
СледноХорор: Се обиделе да ограбат фудбалер на Тотенхем, испукани биле 29 куршуми!