Поранешниот фудбалер на Ливерпул и на холандската репрезентација Дирк Кујт е назначен за нов тренер на холандскиот Ден Хаг кој се натпреварува во втората холандска лига. Тој потпиша договор на една година со можност истиот да биде продолжен.
„Ден Хаг е заспан џин. Мило ми е што ја почнувам тренерската кариера овде. Овој клуб ми даде можност да се развивам и ќе се потрудам сето мое знаење да го пренесам на фудбалерите и заедно да го вратиме клубот каде што заслужува, во најсилната холандска лига“, изјави Кујт.
Кујт се пензионираше како играч во 2017 година во дресот на Феенорд.
Инаку Ден Хаг е холандски шампион од 1942 и 1943 година и двоен освојувач на Купот во 1968 и 1975 година. Оваа сезона стигна до финалето на плеј-офот за пласман во Првата холандска лига но беше поразен на пенали од Екселзиор.